X
 27.09.2017 Технологија

Дополнителните карактеристики што ќе ги содржи новиот „ајфон Х“

Отстранувањето на скенерот за отпечаток на прстот и на физичкото копче „home“ за „ајфон Х“ на „Епл“ отсекогаш се сметало за храбар потег. Кога компанијата одлучи да го вметне OLED-дисплејот на уредот, кој беше презентиран за 10-годишнината, искуството на корисниците се промени.

фото извор: CNET

На местото од скенерот за отпечаток на прстот компанијата вметна технологија за фацијално скенирање „Face ID“. Како што кажува и самото име, корисниците имаат можност да го отклучат телефонот со скенирање на нивното лице преку предната камера. Тоа функционира преку проектирање 30.000 инфрацрвени точки на лицето кое ги споредува со зачувана фотографија во телефонот. Нема промени и доколку корисникот ја смени својата фризура, носи очила или капа. Исто така, работи и во темница.

„FaceID“ користи заштитна технологија и има само една во 1.000.000 шанси дека ќе биде хакирана. Ова ветува многу, но корисниците ќе мора да почекаат производот да биде претставен на јавноста пред навистина да бидат тестирани тврдењата на „Епл“ за сигурноста на уредот. Меѓу тврдењата се и оние дека „FaceID“ ќе открива пораки и други известувања само за очите на корисникот, ќе го одржува екранот осветлен кога корисникот чита одредена содржина и ќе ја намалува јачината на алармот или на звукот на ѕвонење.

Се најавува дека новиот модел ќе има стакло на предниот и на задниот дел кое содржи делови на не’рѓосувачки челик на страните. Уредот е отпорен на вода и на прашина, а ќе се појави во сива и во сребрена верзија. Дисплејот е 5,8 инчи, а нуди највисока густина на пикселите на„ајфон“ досега. Исто така, има и висок динамичен ран (HDR).

Телефонот содржи камери од 12 мегапиксели со поголеми и побрзи сензори, нов филтер на бои и подлабоки пиксели. Дуална оптичка стабилизација на слики за подобро зумирање на слаба светлина, а има можност за апликации за зголемена реалност. Новиот модел ќе се полни на безжичен начин, што е предност, иако тоа може да биде и бавен процес.

Достапен ќе биде со 64 и 256 гигабајти меморија за 1.579 и 1.829 долари, соодветно. Нарачките започнуваат на 27 октомври, а продажбата на 3 ноември.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија