Од „Apple“ велат дека новата верзија на нивниот оперативен систем ќе ги претстави најзначајните унапредувања на софтверот за ајпад.
Фото: Getty Images
Во пресрет на септемвриската премиера за новата верзија на паметен телефон ајфон 8, „Apple“ најави дека новата серија на таблети ќе има значително унапреден оперативен систем iOS 11.
iOS 11 ќе поседува многу подобра поддршка и поголем степен на интеграција во работата со електронското пенкало - „Apple Pencil“.
Првите разлики корисниците ќе можат да ги видат во изгледот на „Apple Store“ за корисниците почесто да добиваат информации за новите верзии на нивните омилени апликации.
За корисниците на располагање ќе биде подобрената „drag and drop“ опција, која овозможува влечење помеѓу апликацијата повеќе фајлови одеднаш (на пример може да изберете повеќе фотографии, да ги влечете во „Messenger“ и така да ги испратите).
Сири добива многу поприроден глас, кој сега ќе може да биде и машки и женски. Исто така, Сири ќе добие и можност да преведува текст на англиски јазик на други јазици.
Менито за пристап до апликациите, кое ќе се отвора со влечење на екранот од долу, исто така ќе добие нов изглед.
„Apple“ во новиот iOS 11 вклучува и опција која на возачите ќе им овозможи да бидат побезбедни позади воланот така што ќе забрани пристап до мобилниот уред. Новата опција ќе се вика „do not disturb while driving“.
Се најавуваат и промени во „Live Photos“, па така, доколку сакате некоја слика да ја претворите во „GIF“, тоа ќе можете да го направите без други
апликации. Ќе има и нова опција во менито за споделување која ќе ви овозможи било која слика да ја претворите во „Apple Watch Face“.