X
 21.08.2024 Живот

Стипендисти на КС Групација 2023/2024 година

КС Групација минатата година ја започна програмата за стипендирање која е резултат на стратегијата за општествена одговорност чиј основен постулат е вложување во иднината на новите генерации. Програмата за стипендирање на КС Групација ги опфаќа средношколците и студентите и вклучува двомесечна платена пракса со менторска поддршка во канцелариите на Групацијата во Битола. Стипендиите кои ги доделува КС Групацијата имаат формат на годишно стипендирање со исплати на месечно ниво, вклучувајќи 10 месеци стипендирање плус 2 месеци платена пракса.

Изминатиов период програмата за стипендирање беше активно промовирана на неколку единици од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола со цел студентите да се запознаат со можностите што ги нуди самата програма.



Практикантскиот дел од програмата за стипендирање претставува неверојатна можност за стипендистите да стекнат практично искуство, да го зголемат своето знаење и да се подготват за идната кариера. Стипендистите што се веќе дел од оваа програма работат со врвни професионалци во своите области и имаат можност да се запознаат со најновите трендови во работењето. Од првиот ден стипендистите се вклучени во реални проекти каде што имаат можност да го покажат своето знаење и вештини, но во исто време и да научат многу нови работи. Под менторство на искусните вработени од КС Групацијата, младите талентирани стипендисти успеваат да го прошират своето знаење и да ја искристализираат насоката на својот професионален развој. Учеството во оваа програма не само што им обезбедува важни практични знаења, туку им носи и непроценливи врски со професионалци во различни области и од различни сектори.



Најважен аспект од практиканството е тоа што од првиот момент стипендистите стануваат дел од тимот и почнуваат да работат во стимулативна околина која поттикнува креативност и иновативност. Со искуствата и знаењата што ги стекнуваат стипендистите за време на двомесечната пракса која е дел од програмата за стипендирање на КС Групацијата, тие излегуваат подготвени за предизвиците во професионалниот свет, но и мотивирани да ја обликуваат иднината на индустријата.



КС Групацијата со задоволство го проширува хоризонтот на овие млади луѓе поддржувајќи ги нивните амбиции и професионален раст. Практикантската програма е доказ за посветеноста на компанијата во инвестирање во иднината, со што обезбедува долготраен успех и одржлив развој на целата заедница.
Стипендистите што имаа привилегија да бидат дел од програмата за стипендирање на Групацијата и кои веќе учествуваа во двомесечната пракса го опишуваат своето искуство како клучен момент во нивниот професионален развој. Со комбинација од теоретско знаење и практична примена на знаењето, оваа пракса им понуди непроценлива можност да се запознаат со реалните предизвици и одговорности во професионалниот свет. За време на праксата стипендистите работеа со професионалци од КС Групацијата, учејќи од нивните богати искуства и добивајќи повратни информации за своите задачи. Тие се соочија со диманичната природа на деловните процеси, а истовремено имаа можност да се вклучат во различни проекти кои го продлабочија нивното разбирање за деловниот свет.
Менаџерскиот тим на КС Групацијата со голема радост ги поздравува напорите на овие млади индивидуалци признавајќи ги нивниот труд и посветеност.



Праксата која е дел од програмата за стипендирање е одличен пример за посветеноста на КС Групацијата кон развојот на млади таленти. Стипендиите што ги доделува оваа групација се мост за поврзување со идните професионалци кои ќе бидат лидери и носители на општествениот прогрес на нашата земја.
Повеќе информации во врска со програмата за стипендирање на КС Групација прочитајте на следниот ЛИНК.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот