X
 05.02.2019 Образование

Стипендиите за гимназијата „Нова“ ни донесоа квалитетна програма и интернационална средина

Конкурсот оваа година е отворен до 14 февруари и сите заинтересирани може да најдат дополнителни информации и да се пријават на следниот линк http://www.nova.edu.mk/

Голем број основци од цела Македонија досега го имаат продолжено своето образование во меѓународната гимназија „Нова“ како добитници на стипендијата што приватното училиште ја доделува во соработка во фондацијата „Борис Трајковски“. Станува збор за стипендии за четиригодишно школување, а конкурсот оваа година е отворен до 14 февруари и сите заинтересирани може да најдат дополнителни информации и да се пријават на следниот линк http://www.nova.edu.mk/.
 
За значењето на оваа стипендија разговаравме со четворица средношколци што ја имаат добиено и сметаат дека оваа одлука им го сменила образовниот пат.
Владимир Китановски во гимназијата „Нова“ дошол од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. Одлучил да аплицира за стипендијата за да добие холистичко и квалитетно образование, како и да има поголем број можности за студирање.


Владимир Китановски

- Задоволен сум од образованието во гимназијата „Нова“ и среќен сум што конкурирав за стипендијата. Можноста да се избираат предмети, меѓународните програми на образование и шансата ученикот да се здобие со квалитетно знаење во рамките на своите можности и потреби се некои од најголемите предности на образованието во „Нова“ - појаснува Владимир, кој веќе размислува образованието да го продолжи на Московскиот државен технички универзитет „Н. Е. Бауман“.

Од значење е претходното знаење

Јана Наскова го завршила основното образование во „Кочо Рацин“ во Скопје, а за стипендијата „Борис Трајковски“ одлучила да аплицира затоа што ѝ се допаѓала идејата да учи во интернационална и академски истакната средина.
- Процесот на аплицирање за стипендијата не е воопшто комплициран. На веб-страницата на училиштето сè е објаснето. Сепак, континуирана работа во годините пред аплицирањето е клучна. Иако секој апликант треба да се подготви за конкретните работи што ќе ги има на испитот, долгорочната подготовка е од големо значење - посочува Јана.


Јана Наскова

Таа смета дека една од поголемите предности што ги нуди „Нова“ е програмата по меѓународна матура преку која се стекнува интернационално признаената IB диплома.
- Дополнително, огромна предност е што во гимназијата се вложува голем напор за да се развијат вештините на критичко мислење. На часовите добредојдени се прашања и мислења на учениците. Самата зграда е многу пријатна и нуди убави места за учење, но и за дружење и релаксација. Библиотеката е многу добро опремена со голем број книги и лаптопи, така што и голем дел од училишните задачи го завршуваме тука за време на празните часови – појаснува Јана.

Се развива критичкото размислување

Откако го завршила основното образование во училиштето „Петар Поп Арсов“, Јана Јоксимовска аплицирала за стипендијата во гимназијата „Нова“.
- За конкурсот дознав откако претставник од училиштето дојде да ни презентира во нашето училиште. Бидејќи конкуренцијата беше голема, не очекував да освојам стипендија. Добивањето на стипендијата беше резултат на моите претходно стекнати знаења. Многу сум задоволна од гимназијата „Нова“. Навистина е поинаква од кое било друго средно училиште. Професорите ги поддржуваат своите ученици и на секој можен начин, секогаш се тука ако ни треба помош. Воедно, во „Нова“ професорите работат со помалку ученици на часовите отколку во другите средни училишта и навистина можат да му се посветат на секој од нас. Исто така, има многу добар систем за физичкото и менталното здравје, како и поголеми перспективи за понатамошното образование - објаснува Јана.


Јана Јоксимовска

Борјан Гаговски го завршил основното училиште во „Нова“, по што одлучил да аплицира и за стипендијата „Борис Трајковски“.
- Дури и да го тргнеме настрана квалитетот на самите професори во „Нова“ и можноста за учење по светски признаени училишни програми, најмногу сум задоволен од тоа како ми се има сменето начинот на кој размислувам. Во училиштето се претпочита критичкото мислење, а не учењето напамет. Поважно е да се изучи какво влијание имала Првата светска војна врз современата геополитика, а не на кој ден и во колку часот бил убиен Франц Фердинанд. Развивањето на критичкото размислување сметам дека е многу поважно од какво било специфично знаење што може да се стекне во гимназија - вели Борјан.


Борјан Гаговски

Посочува дека уште една предност на оваа гимназија е односот кој е воспоставен помеѓу учениците и професорите.
- Професорите си ги почитуваат предметите, со што и лесно ја стекнуваат почитта на учениците. Но тоа не значи дека постои некаков авторитарен однос меѓу учениците и професорите. Постигната е совршена рамнотежа меѓу интимност и професионалност. А гледајќи колку се шокирани моите пријатели што не се во „Нова“ кога ќе им раскажам какви муабети имам правено со некои од моите професори, речиси сум сигурен дека односите меѓу учениците и професорите се многу позатворени и пооддалечени во државните училишта - посочува Борјан, кој се надева дека по матурирањето во гимназијата „Нова“ образованието ќе го продолжи во Холандија.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование