Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со месец март.
Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти што имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за 5 месеци.
Информираме и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка, која предвидува месечен надомест до 1.200 денари за период од 7 месеци.
МОН се грижи за студентите и го унапредува студентскиот стандард. Со редовните исплати на финансиските права, младите добиваат голема поддршка и имаат една грижа помалку во текот на образовниот процес, пишува во соопштението на МОН.