X
 21.09.2018 Економија

Во која земја треба да се преселите за да заработувате повеќе?

Луѓето отсекогаш се преселувале барајќи подобар живот, но оние земји што некогаш биле „ветени“, паднаа, а на ред дојдоа нови.

Институтот за развој на менаџмент (IMD) проценува во која мера се развиваат одредени земји и како ги привлекуваат и задржуваат младите луѓе. Бројките од извештајот покажуваат колку експертите во услужните дејности и експертите во областа на менаџментот се платени низ светот, за да пронајдат топ-20 земји со највисока просечна годишна плата.

Еве каде треба да се преселите за да почнете да заработувате повисока плата.

плата

1. Тајван


Тајван е една од трите земји што неочекувано се најдоа на листата. Професионалците во областа на услужните дејности во Тајван добиваат просечен годишен приход од 26.313 долари. Професионалците од областа на менаџментот просечно заработуваат 157.405 долари.

2. Саудиска Арабија


Професионалците во областа на давањето услуги во Саудиска Арабија може да очекуваат во просек да заработат 38.623 долари годишно. Позициите во областа на менаџментот може да очекуваат трипати повеќе од тоа, со просечна годишна заработка од 134.148 долари.

3. Грција

Уште една неочекувана држава на оваа листа. Можеби земјата има економски проблеми во изминативе неколку години, но платите во Грција и понатаму се високи на меѓународниот пазар, главно поради високите плати во областа на менаџментот. Овде можете да очекувате просечен годишен приход од 19.055 долари за професионалците во услужните дејности, додека менаџерските позиции заработуваат 170.269 долари годишно.

4. Катар


За љубителите на топлото време, Катар е привлечна дестинација. Професионалците во услужните дејности овде имаат годишна плата од 31.462 долари. Позициите во менаџментот заработуваат 157.624 долари годишно. Луѓето тука не плаќаат никаков данок на личен доход.

5. Чиле


Постои голема разлика помеѓу заработката на експертите во услужните дејности и експертите во менаџментот во Чиле. Платите во менаџментот се она што оваа јужноамериканска земја ја ставија во топ-20 земји со највисока плата. Позицијата во менаџментот може да очекува плата од 200.389 долари годишно. Експертите во услужните дејности заработуваат само 16.341 долар годишно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија