Студиото „Хана-Барбера“ ни го подари класикот за мачката и глушецот кои постојано се бркаат, а „Варнер Брос“ сега сака „Том и Џери“ да оживеат на големото платно.
Хибридот од анимиран и игран филм би можело да почне да се снима во текот на идната година со Тим Стори во режисерската столица. Стори е познат по филмовите „Fantastic Four“ и продолжението „Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer“, a го снимаше и „Ride Along“.
Продукцијата, наводно, ќе го снима реалниот свет, а Том и Џери ќе бидат додадени со анимација - комбинација која ја видовме во епскиот филм „Who framed Roger Rabbit“.
Мачката и глушецот нема да имаат гласови, туку нивната интеракција претежно ќе се сведе на физичка комедија, која ни е добро позната од цртаниот филм. Од „Варнер Брос“ всушост сакаат да ја тестираат можноста на паралелна работа на екипите на терен и на аниматорите бидејќи тоа, во случај на успешен експеримент, би станал само првиот од бројните хибриди кои се
планираат.