Најдобриот филм за кошарка повторно се враќа во кината.
Space Jam на „Warner Brothers“ повторно ќе се емитува по повод 20-годишнината од неговата премиера.
Ова се неколку факти поврзани со класикот од 1996-та година.
1. „Warner Brothers“ изградиле терен специјално за Мајкл Џордан
Компанијата изградила кошаркарски терен специјално за НБА ѕвездата Мајкл Џордан, за да има со што да се занимава за време на паузите од снимањето ан филмот.
2. Ова е најпрофитабилниот кошаркарски филм на сите времиња
Со оглед на тоа дека Мајкл Џордан е главната улога не е и ни чудно што филмот заработил 230 милиони долари.
3. Се уште има пресмешен вебсајт со тема од 90-те
Сајтот посветен на филмот е тотално направен во стилот на 90-те и се уште е интересен токму заради тоа.
4. Суеверието на Мајкл Џордан
Кога Џордан ја барал униформата пред големиот натпревар, инсистирал да ги облече и неговите шорцеви од студентските денови, за да ги облече под униформата. Тој всушност ова го правел во текот на целата негова кариера.
5. Приказната со Мадона
Чарлс Баркли го губи својот талент и се моли во црква, изјаснувајќи се дека сака да се врати во форма. Во неговата сцена, Баркли ветува дека нема веќе никогаш да излегува со Мадона, ако неговите молитви бидат слушнати. Ова се однесувало на гласината дека Баркли има чувства кон поп ѕвездата. И покрај бројните наслови по медиумите, и двајцата негирале дека имало врска помеѓу нив двајца.
6. Дени ДеВито понудил помош
Дени ДеВито го позајмил својот глас за филмот, а го играл ликот на Swackhammer.
7. Познати Тв ѕвезди имале епизодни улоги
Патриша Хитон од „Everybody Loves Raymond“ и Ден Кастеланета (гласот на Хомер Симспон) учествувале во мала сцена во филмот.
8. Кршењето на четвртиот ѕид
Секогаш е добро да се види филм кој не ги сфаќа работите премногу сериозно. Кога Бил Мареј бил прашан како дошол до таму, тој одговорил : Продуцентот е мој пријател.“
9. „Warner Bros.“ им задале таен удар на Дизни
Дафи предложува тимот да се именува „Ducks“(Патки), на што Багз Бани вели : „Каква Мики Маус организација би го именувала својот тим во „Патки“? Ова било смешен удар на NHL тимот „the Mighty Ducks of Anaheim“ кој ги поседувале од Дизни, и биле инспирирани од истоимениот филм во 1993 година.
Кога ќе се погледне наназад, ова и не било баш прикладно, но ја покажало смешната страна на ривалството помеѓу двете компании за анимација.
10. Можеби ќе има некое продолжение, но не се надевајте премногу
Се шпекулира дека можеби ќе има уште една верзија на филмот, овојпат со Леброн Џејмс како ѕвезда, но ваквите гласини брзо биле отфрлени од страна на режисерот.