X
 21.10.2019 Живот

Американската армија гради топ кој може да погоди мета оддалечена 1.850 километри

Минатата година американскиот генерал Џон Мари им кажа на членовите на Конгресот дека американската армија развива топ способен да погоди мета оддалечена неверојатни 1.850 километри.

Сега уште еден армиски службеник, полковникот Џон Раферти, истакна дека проектот за топот ќе биде ставен на првите тестирања и дека армијата би можела да демонстрира работен прототип на топот за четири години.

Според Раферти, армијата наскоро ќе изврши рани балистички тестирања поврзани со топот во Вирџинија. Армиското лидерство тогаш ќе го прегледа извештајот од тестирањата за да одлучи дали проектот треба да биде продолжен.

Ако сѐ оди според планот, Раферти вели дека армијата ќе биде подготвена да го покаже топот во 2023 година.

Секако, тоа ќе се случи само ако проектот добие зелено светло по првите тестирања, а тоа, пак, ќе се случи само ако топот се покаже како рентабилен, како што се надева војската.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот