X
 26.07.2015 Технологија

Американските затвореници добиваат таблети во затворите

Комуникацијата на затворениците со надворешниот свет долго време се одвивала со застарена технологија. Компанијата „Jpay“ помага во воведување затворска комуникација за првпат во САД.


Компанијата неодамна го претстави својот нов таблет наменет за затвореници. Тој им овозможува на луѓето во ќелиите да испраќаат електронска пошта и видео пораки на семејствата и пријателите. Освен тоа, со таблетите затворениците може и да се забавуваат, образуваат и да го задржат односот со надворешниот свет.

Моментално се пуштени 60.000 таблети во 11 американски држави. Таблетите чинат 70 долари и може да се купат во затворите од страна на затворениците или нивните блиски.


Сепак, поседувањето ваков таблет не значи дека затворениците може да користат социјални мрежи. Исто така, постои и филтер за забрана на приближно 8.000 зборови како „бегство“ и слично.

Затворениците ќе имаат посебна платформа која ќе може да ја користат само тие и нивните најблиски, а затворот одлучува дали тие ќе добијат дозвола за користење на платформата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија