X
 21.12.2019 Живот

Едвард Сноуден нема да заработи ништо од своите мемоари

Едвард Сноуден, поранешниот работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД и разоткри со што се занимава американската агенција за национална безбедност, во септември ја објави книгата „Permanent Record“. Министерството за правда веднаш поднесе тужба за да спречи можно откривање на државните тајни.

Обично разузнавачките агенции се должни да испратат текст од книгата до Министерството пред нејзината објава. Во тужбата е наведено дека Сноуден не го направил тоа иако бил обврзан, па затоа нема право на профитот од книгата или од неговите јавни говори. Адвокатите на Сноуден изјавија дека со оглед на содржината, книгата воопшто не би добила зелено светло.

Судот застана на страната на властите, нагласувајќи дека текстот од договорот е јасен и дека поради тоа што Сноуден не испратил текст за преглед, судот не може да направи ништо.

- Не се согласуваме со одлуката на судот и ќе ги разгледаме нашите опции, но јасно е повеќе од кога било дека неправедниот и нетранспарентен систем за преиспитување на публикацијата кој влијае врз милиони поранешни владини работници треба да претрпи големи реформи - изјави Брет Макс Кауфман, адвокат кој бил дел од легалниот тим на Сноуден.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот