В четврток (24 октомври) со почеток од 9:00 часот во просториите на
INNO Feit во Скопје ќе стартува „Good Game“ Б2Б натпреварувањето во кое силите ќе си ги одмерат најдобрите македонски тимови во играта „Counter Strike: Global Offensive”.
Влезот на настанот е бесплатен за сите посетители што ќе имаат можност да посетат повеќе интерактивни експозони и free-to-play гејминг-простор, каде што секој посетител ќе има можност да игра и да се натпреварува во некоја од останатите игри.
Поканети да го посетат настанот се сите вљубеници во гејминг-културата и добрата забава, без разлика на нивната возраст, пол или професија.
Овој настан, кој првпат се одржува во Скопје, а претходно се одржуваше во главните градови од соседството, од тамошните јавности беше оценет како еСпорт настан на годината.
На Good Game Скопје посетителите ќе имаат можност да го гледаат и финалето на македонската CS:GO лига која е во организација на еСпорт Федерацијата на Македонија.
Организатор на
Good Game натпреварувањето е компанијата Good Game Global од Хрватска, а настанот се одржува под главно покровителство на Samsung и со голема помош на Snickers и Green Cola. Поддршка даваат и Opel, Cineplex, Frank и уште неколку други компании.
(Комерцијална објава)