X
 10.02.2019 Технологија

Оваа игра собра милион играчи за само осум часа

Иако немаше никаква рекламна кампања, а за играта се дозна случајно неколку дена пред изненадното лансирање, „Ејпекс леџендс“ успеала за многу кратко време да собере огромен број играчи.

Така, објавено е дека бројот од еден милион играчи е надминат за само осум часа, што е навистина импресивно.

Една од причините за брзиот скок на бројот на играчи веднаш по лансирањето лежи во тоа што голем број стримери веднаш почнале да ја играат играта.

Девелоперот на играта, „Риспон ентертејнмент“, сака „Ејпекс леџендс“ да биде игра која ќе се задржи многу години и има во план да додава многу содржини во текот на следните месеци, што секако ќе даде повод за играчите да се задржат на играта.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија