X
 21.11.2018 Живот

Оваа година е најлоша во историјата на човештвото

Ако некој ве праша која година е најлоша во историјата на човештвото, што ќе одговорите?

1347 година била прилично лоша, тогаш „црната смрт“ ја погодила Европа. 40-тите години од минатиот век, за време на холокаустот, може да се сметаат за ужасен период, но и 1918 година кога се појавил шпанскиот грип, од кој починале повеќе од 100 милиони луѓе.

Но, како што велат научниците, најлошата година за живот во историјата на човештвото е 536 година од нашата ера. Мајкл Макормик, автор на истражувањето и историчар, вели дека ова било почеток на еден од најлошите периоди за живот, ако не и најлошата година.

година
Фото: Thinkstock


На почеток на оваа година Блискиот Исток, Европа и некои делови од Азија се соочиле со 18 месеци целосен мрак предизвикан од таинствена магла.

Причината зошто се спуштила маглата и ги прекрила градовите била катаклизмична ерупција на вулкан во Исланд во почетокот на 536 година. По настанот, Европа била прекриена со облак од вулканска прашина чии честички ја одбивале сончевата светлина. Ова предизвикало паѓање снег во Кина, неуспех на културите на повеќе континенти, екстремна суша, глад и болести главно на северната хемисфера.

Историчарот Макормик вели дека светот не мислел дека нешто ќе се промени сѐ до 640 година од нашата ера, повеќе од 100 години подоцна.

Температурите во текот на летото 536 година биле помеѓу 1,5 и 2,5 Целзиусови степени и ова бил еден од најстудените периоди во изминативе 2.300 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот