Фото: Getty Images
Претстојната кинеска Нова година ќе биде дочекана на 16 февруари. Точниот датум се менува секоја година бидејќи потекнува од 2600 година пр.н.е, кога луѓето го следеле лунарниот календар.
На новогодишната вечер семејствата во Кина се собираат за да вечераат заедно, што е еден од најважните оброци во годината. Луѓето патуваат од целиот свет за да бидат со своите семејства - за оваа година се очекува Кинезите да направат речиси три милијарди патувања од февруари до март.
Претстојната кинеска Нова година ќе биде година на кучето. Како можете да го откриете вашиот кинески хороскопски знак?
Постојат 12 кинески хороскопски знаци што се ротираат на секои 12 лунарни години. Кинеските знаци се: куче, петел, мајмун, коза, коњ, змија, змеј, зајак, тигар, бик, стаорец и свиња.
Вашиот кинески хороскопски знак доаѓа со вашата година на раѓање. Кинеската нова година се движи помеѓу 21 јануари и 20 февруари, така што ако сте родени во јануари или февруари, ќе треба да проверите.
Но главно ова се знаците.
Куче: 2018, 2006, 1994, 1982, 1970, 1958, 1946, 1934, 1922 и 1910 година
Петел: 2017, 2005, 1993, 1981, 1969, 1957, 1945, 1933, 1921 и 1909
Мајмун: 2016, 2004, 1992, 1980, 1968, 1956, 1944, 1932, 1920 и 1908
Коза: 2015, 2003, 1991, 1979, 1967, 1955, 1943, 1931, 1919 и 1907
Коњ: 2014, 2002, 1990, 1978, 1966, 1954, 1942, 1930, 1918, и 1906
Змија: 2013, 2001, 1989, 1977, 1965, 1953, 1941, 1929, 1917 и 1905 година
Змеј: 2012, 2000, 1988, 1976, 1964, 1952, 1940, 1928, 1916, и 1904
Зајак: 2011, 1999, 1987, 1975, 1963, 1951, 1939, 1927, 1915, и 1903
Тигар: 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938, 1926, 1914 и 1902
Бик: 2009, 1997, 1985, 1973, 1961, 1949, 1937, 1925, 1913 и 1901
Стаорец: 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936, 1924, 1912 и 1900 година
Свиња: 2007, 1995, 1983, 1971, 1959, 1947, 1935, 1923, 1911 и 1899
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за вашиот кинески хороскопски знак, кликнете
ТУКА.