X
 18.12.2021 Наша тема

Вакцинација е збор на годината во Македонија

Мошне очекувано, зборот вакцинација се најде на првото место во првиот избор за збор на годината кај нас. Оваа лексема во текстовите, во информативните и во дебатните емисии, како и во интернет-комуникацијата се среќава со дури пет пат поголема зачестеност. Секако, тука треба да ги посочиме и зборовите вакцина и вакцинален, кои исто така мошне често се употребувале кај говорителите на македонскиот јазик во 2021 година

Балканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје оваа година, по примерот на многу други земји, го започна проектот „Збор на годината“ кој се засновува на материјал од комуникацијата на македонски јазик. Ова е прва ваква анализа која се однесува на македонскиот јазик, со оглед на тоа што досега не постоеше можност за нејзино реализирање.
Проектот го водеше д-р Емил Ниами, лингвист, кој со група помлади истражувачи во текот на пет недели, во периодот од 1 ноември (понеделник) до 5 декември (недела), извршија целосно истражување на достапниот материјал. Според извршената анализа направена е и топ-листа на петте зборови во македонскиот јазик за 2021 година - на прво место се најде зборот Вакцинација, потоа - Антитела - Акција - Протокол - Иновации
Балканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје оваа година, по примерот на многу други земји, го започна проектот „Збор на годината“ кој се засновува на материјал од комуникацијата на македонски јазик. Ова е прва ваква анализа која се однесува на македонскиот јазик, со оглед на тоа што досега не постоеше можност за нејзино реализирање.
Проектот го водеше д-р Емил Ниами, лингвист, кој со група помлади истражувачи во текот на пет недели, во периодот од 1 ноември (понеделник) до 5 декември (недела), извршија целосно истражување на достапниот материјал. Според извршената анализа направена е и топ-листа на петте зборови во македонскиот јазик за 2021 година - на прво место се најде зборот Вакцинација, потоа - Антитела - Акција - Протокол - Иновации
Балканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје оваа година, по примерот на многу други земји, го започна проектот „Збор на годината“ кој се засновува на материјал од комуникацијата на македонски јазик. Ова е прва ваква анализа која се однесува на македонскиот јазик, со оглед на тоа што досега не постоеше можност за нејзино реализирање.

Проектот го водеше д-р Емил Ниами, лингвист, кој со група помлади истражувачи во текот на пет недели, во периодот од 1 ноември (понеделник) до 5 декември (недела), изврши целосно истражување на достапниот материјал. Според извршената анализа, направена е топ-листа со петте збора во македонскиот јазик за 2021 година - на прво место се најде зборот вакцинација, потоа антитела, акција, протокол, иновации.

Инаку, Оксфордскиот речник на англиски јазик соопшти дека за збор на годината е избран зборот „вакцина“. Уредничката на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, Фиона Мекферсон, истакна дека употребата на зборови поврзани со вакцините се зголемила во 2021 година поради новиот тип коронавирус (ковид-19). Последниве две години во овој и во слични избори најголем дел од рангираните зборови биле поврзани со пандемијата (коронавирус, самоизолација, социјално дистанцирање...). Лингвистите имаат полни раце работа, а пандемијата очигледно жестоко влијае и врз јазикот.

Релевантните институции за проучување на развојот на македонскиот јазик немаат практика за избор на најзачестените зборови во македонските медиуми и на онлајн мрежите, но една таква иницијатива наскоро ќе биде реализирана.

- Проектот за збор на годината првпат го правиме кај нас оваа година. Балканскиот институт за хуманистички науки, литература и култура го потегна тоа прашање уште летоска, а јас се нафатив да ја направам таа работа. Малку беше сложено зашто првпат се среќавам со селективна лингвистичка синтакса. Има анализа на десетте најупотребувани збора со коментар за нивната интерактивност и зошто се наоѓаат на тоа место. Малку ни е сложена работата зашто телевизиските програми ги немаме како пишан текст - вели Емил Ниами, македонист, славист, лектор на Филолошкиот факултет на московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.



Ниами е автор на Речникот за паронимите и Речникот на антонимите во македонскиот јазик, истражувач и афирматор на рускиот јазик во Македонија. Според него, не само македонскиот, ами сите живи јазици мора да се отворени кон новата лексика со оглед на тоа што таа го рефлектира секојдневието, современоста, новите технологии.

- Многу е важно како ние како носители на јазикот ќе се поставиме кон неологизмите. Новото треба да добие знак, треба да добие назив, нашата реалност бара конкретно, детално детерминирање на поимите. Во македонскиот јазик нештата не се розови, но не се ни толку страшни. Од една страна, нервира таа таканаречена јазична дембелана што најчесто ни ја сервираат медиумите. Така, на пример, за време на локалните избори ни беше „сервиран“ терминот фингерпринт-апарат, кој на македонски едноставно би требало да биде апарат за читање отпечаток од прст. Можеме да констатираме дека сево ова се прави од мрзливост, од неволност, зашто е полесно да се преземе одошто да се смисли. Но, сето тоа не е погубно и не е толку црно. Сведоци сме дека од осамостојувањето на државава јазикот се покажа како добар „прочистувач“, па самиот го исфрлаше она што беше одвишно или неправилно. Секако дека се потребни и поттикнувачи (во случајов лингвисти) што ќе го забрзаат тој процес - вели Ниами.

Елка Јачева-Улчар, научен советник при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, вели дека кога би правела избор за најфреквентни зборови во македонскиот јазик во годинава што изминува, тој, веројатно, ќе падне на следниве зборови: ковид, коронавирус, вакцина, избори и несреќа (последниов збор во последнава третина од оваа година).

- Не би се согласила дека чувствуваме страв од навлегувањето нови зборови во нашиот јазик. Не, напротив! Кога се работи за зборови од туѓо потекло, особено од англискиот јазик, кај нас како да е вратата ширум отворена за нив, па во нашето секојдневие не само што се употребуваат зборови од туѓо потекло за кои немаме или не сме нашле соодветен преводен еквивалент, туку „ги прегрнуваме“ и оние за кои имаме достојна замена во нашиот јазик. На пример: сапортира наместо поддржува; импортира наместо внесува, увезува; таргет наместо цел итн. Од друга страна, колку што сме отворени да ја примиме, без проблем, оваа, слободно ќе речам, наезда на зборови од туѓо потекло, исто толку сме рамнодушни кон овие зборови произведени со македонски јазични средства (лексичко-семантички и зборообразувачки).

Ова, веројатно, се должи или на таканаречената јазична дембелана (вака дефинирана од Блаже Конески) или на, за жал, нашиот потценувачки однос спрема сето она што е наше и автентично, кое во ова модерно време е окарактеризирано како конзервативно, назадно и демодирано, наспроти туѓото кое секогаш и секаде е „ин“. И тука ја правиме огромната грешка! Се разбира, на наша штета - вели Јачева-Улчар.



Дарин Ангеловски, научен соработник во Институтот за македонска литература, вели дека доколку се обидеме да го погодиме „зборот на годината“, него и годинава секако би го барале во заедничките подрачја на медицината, јавното здравје, имунологијата...

- Ми паѓаат на памет зборови како „бустер“, „ваксер/антиваксер“ и други слични апстрактни јазични структури што бележат засилена фреквенција во секојдневната комуникација. Притоа, тие се нестандардни во однос на јазикот во кој функционираат, а понекогаш се туѓи за јазикот од кој произлегуваат, како на пример зборот „ваксајн“. Да, можеби „зборот на годината“ е токму зборот „ваксајн“ со сите негови семантички слоеви во јавниот дискурс - вели Ангеловски.



Пандемијата донесе нови зборови и зачестена употреба на постојните

Зборот „вакцина“ годинава бил пребаруван за 601 отсто почесто отколку во 2020 година. Прегледите пораснале за 535 отсто во август по дебатата во САД во врска со одобрување на вакцините. Оттаму наведуваат дека зборот „вакцина“ добил значење поинакво од медицинското, па така ги опфаќа дебатите за личниот избор, политичката припадност итн.
Наведувајќи дека употребата на зборот „vax“, што е кратенка од зборот „vaccine“, датира од 80-тите години, Мекферсон рече дека употребата на кратенката „vax“, која ретко се користеше досега, се зголемила за 72 пати во 2021 година.
Интересно е што пандемијата доминираше и во изборот за збор на годината во Германија, каде што жирито на Друштвото за германски јазик овој пат се одлучи за позитивен поим. Пред крајот на секоја година стручно жири од повеќе стотици предлози избира десет збора и составува ранг-листа. Оваа година од десетте избрани поими, седум се поврзани со пандемијата на коронавирусот. На првото место е зборот „веленбрехер“, односно во превод - „бранокршач“. Како што соопшти Друштвото за германски јазик, со овој збор се опишуваат мерките што се преземаат за сузбивање (кршење) на четвртиот бран на короната. „Зборот на годината“ сака да го опипа јазичниот пулс во изминатите 12 месеци. Првпат збор на годината во Германија се избирал во 1971 година.
Уредниците на Оксфордскиот речник на англискиот јазик минатата година, пак, донесоа одлука дека 2020 година е невозможно да се сумира со еден збор, додека речникот на британската издавачка куќа „Колинс“ го прогласи зборот „локдаун“ – во слободен превод карантин – за збор на 2020 година. Англискиот збор „локдаун“ е создаден од зборовите „лок“ (во превод на македонски – да се заклучи нешто) и од зборот „даун“ (што, буквално значи долу). Во Британија, или во САД, на пример „локдаун“ значи – затворање, заклучување, или уште и блокада, изолација, а во случајот со актуелната пандемија на коронавирусот, овој збор се употребуваше за да означи карантин. Преку пандемијата зборот навлезе во низа јазици низ светот, најчесто и без да се преведува. Во објаснувањето на редакцијата „Колинс“ се вели дека овој збор се дефинира како „наметнување строги ограничувања за патување, за социјално дружење, како и за пристап до јавни простори“. Според нив, овој збор е избран затоа што претставува „обединувачко искуство за милијарди луѓе низ целиот свет“.

Временска капсула за тоа „кои сме и каде сме биле“

Американското дијалектичко здружение, интересна институција што е основана уште во 1889 година, покрена иницијатива за избор на збор на годината. Од 1990 година на дебата во Балтимор тие се обидуваат да постигнат консензус за тоа кој збор ја обележал годината. Оттогаш тоа го прават во првата половина на секој јануари. Правилото е дека новиот збор не мора задолжително да биде нов, но мора да биде значаен за изминатите 365 дена, според зачестеноста на употребата, важноста и пораката што ја носи.
Тој збор треба да биде некој вид „временска капсула“ за на најсоодветен начин да изрази „кои сме и каде сме биле“ во изминатата година. Слични избори прават и други здруженија, но ова има најголем авторитет. Меѓу нивните членови се наоѓа лингвистот кој за „непристојниот“ и во сите јазици често споменуван збор што означува сексуален однос, а во англискиот јазик почнува со буквата „ф“, напиша цела книга. Друг член на здружението, пак, напиша дело што се занимава со кратенката ОК, со тезата дека таа е „најголемиот американски изум“.

За зборови на годината досега биле избрани „твит“, „гугл“, „веб“. Во финале како еден од најсериозните кандидати бил и „најнилевен“ (тука целиот настан од 11 септември е конципиран во еден збор: „9 (најн)/11 (илевен)“). Кандидиран бил и зборот „блог“, но било оценето дека е премногу „грд“. Во потесен избор влегол и „текст“, но не како именка, туку како глагол што означува кратки пораки преку мобилен телефон. Актуелен збор бил и „грин“ (зелено), како шифра за заштитата на животната околина, како и кратенката Х1Н1 - официјална идентификација на свинскиот грип.
Изборот на зборови на годината и деценијата во светот го потврдува на поинаков начин она што отсекогаш се знаело - дека јазикот е жива материја.
Подготвил: Весна Дамчевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема