X
 21.11.2023 Живот

Уште еден успешен модул на „A1 Academy“

Преку едукативната програма „А1 Academy“ иницирана и спроведена од А1 Македонија, уште една група млади на возраст од 18 до 25 години имаа можност да ја реализираат својата страст за учење и стекнување дигитални вештини преку една од најатрактивните и модерни теми - Digital Marketing.

- Заокружуваме уште еден успешен модул на нашата А1 Академија. Учесниците уште еднаш покажаа огромен интерес и мотив за стекнување нови дигитални вештини. Продолжуваме со нашата иницијатива, а тоа е да им се даде на младите доверба и вештини, како и придонес во креирањето и насочувањето на нивниот личен и професионален развој. Наскоро следува модулот Business Analytics, ги охрабруваме сите млади што сакаат да бидат дел од оваа успешна приказна да ги следат сите активности на A1 Academy - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации.



По три недели активни предавања, учесниците имаа можност да ги научат основите на дигиталниот маркетинг, SEO, Google Ads, менаџирање социјални медиуми и Meta Business Manager, како и менаџирање на е-адреса кампањи, преку врвни експерти, професионалци во својата област. Крајот го заокруживме со официјално доделување на сертификати.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб-страница на линкот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот