А1 Македонија е компанија која има јасна цел, да обезбеди дигитални услуги за своите корисници кои ќе го направат нивното секојдневие поедноставно, а во вонредните услови предизвикани од коронавирусот да овозможи социјална дистанца за да го заштитат своето и здравјето на другите. Со Бисера Николова, раководител на маркетинг-оддел за приватни корисници, и Мартина Димовска, маркетинг-специјалист за приватни корисници од тимот на А1 Македонија, разговаравме за процесот на креирање производи и услуги во дигиталниот свет.
Што е она што ве води при креирање нови услуги и производи и кои се потребите на корисниците?
Бисера Николова: Воведување успешен продукт или промоција на пазарот е тимска работа во која треба да се разработат сите аспекти. Секако, првенствено поаѓаме од потребите на корисниците, кои постојано се менуваат. Во овој период во кој живееме денес, па и оној што ќе следува, евидентна е дигиталната трансформација, а пред сѐ, зголемената потреба за онлајн-купување, работење од дома, со тоа и потреба за апликации, па до трендови во кои се гледа фокусот кон купување уреди за забава од дома, релаксација, спортска опрема за дома итн. Освен потребите на пазарот кои треба да се исполнат, за успешен производ потребно е да се дефинираат функционалности од сите аспекти, како: процеси низ кои ќе помине корисникот за запознавање и користење на истиот, квалитетот на услугата која ја обезбедуваме, поддршката која ќе ја понудиме при користење на производот итн.
Бисера Николова
На што се фокусиравте во изминатиов период?
Бисера Николова: Како за сите, така најверојатно и за нас, кризата ги „размрда“ годишните планови и проекти. Најважно беше брзото приспособување кон новонастанатите услови, во пресрет на потребите на корисниците. Тоа за нас значеше целосен фокус кон обезбедување беспрекорно искуство преку дигиталните канали, во секоја смисла, па така и обезбедување атрактивни промоции и продукти преку истите. Одговорноста кон граѓаните да обезбедиме атрактивни услуги кои ќе бидат достапни онлајн на едноставен начин беше фокусот на кој работевме. Освен придобивките, како повеќе интернет, бесплатни ТВ-канали или ТВ-пакети со намалена претплата, атрактивни цени на телефони, ТВ-уреди, па и гејминг-конзоли, многу внимание се посветува и на создавање ефикасни, кориснички-ориентирани процеси за активација, како и користење и менаџирање на услугите преку дигитални алатки. Целокупното корисничко искуство се гради по сите канали за контактирање со нашите корисници, а во моментов во фокус се онлајн-каналот, A1 Live Shop, web и мобилната апликација Мојот A1.
Дали онлајн-каналите за продажба се атрактивни за А1-корисниците и дали помагаат при промена на навиките?
Мартина Димовска: Земајќи ги предвид светските случувања кои го изменија секојдневието, а со тоа и навиките, онлајн-каналите за продажба значително ни помогнаа да продолжиме со непречено работење, а сепак да ги задржиме ветувањата кон нашите корисници. Следењето на рестриктивните мерки, во колективната борба против Ковид-19 и заштитата на нашите корисници, е секогаш на прво место. Од друга страна, пак, телекомуникациските услуги се основна потреба на секој корисник и треба да се одвиваат непречено и понатаму, особено кога станува збор за вонредни услови, а онлајн-каналите се одговор како да ги спроведеме истите, со што е можно помал контакт. Нашиот фокус е постојано да го развиваме трендот на користење на онлајн-каналите, како и преку едноставни кориснички процеси, така и преку иновативни понуди.
Мартина Димовска
Кои сѐ новитети можат да ги искористат А1-корисниците како придобивки при купување преку онлајн-каналите?
Мартина Димовска: Изминатиов период од два месеца поминавме низ низа промени со цел да се приспособиме на целата динамика и овозможивме голем број услуги кои би можеле да им помогнат на А1-корисниците полесно да се приклучат на новото темпо на живеење. Постојано ја надополнуваме онлајн-понудата со промотивни модели и цени за телефони и зголемено количество на мобилен интернет преку А1 Neon тарифниот модел – концепт овозможен да одговори во насока на онлајн-потребите, а еден од новитетите на телекомуникацискиот пазар е и достапноста на новиот продажен канал -A1 Live Shop, виртуелна продавница, преку која отвораме нова можност за бесконтактен пристап до услугите на А1.
По повод отварањето на новата виртуелна продавница, понудата ја збогативме со уште една атрактивна промоција и на сите корисници на мобилни и фиксни услуги кои ќе ја направат својата активација или обнова преку еден од онлајн-каналите им овозможивме
3 месеци без месечна претплата, со цел да ги охрабриме што повеќе да ги користат овие канали за продажба. Свесни сме дека потребата за нови уреди е составен дел од комуникациите, па затоа понудивме и дел од уредите по промотивно намалени цени, достапни преку онлајн-каналите. Ги покануваме сите заинтересирани корисници да ја разгледаат целосната понуда на следниов
линк.
(Комерцијална објава)