Човек со антисоцијално нарушување на личноста е окарактеризиран како некој што не обрнува внимание и ги загрозува правата на другите, нема емпатија, ги експлоатира и манипулира со другите.
Овие луѓе се познати како социопати и психопати. Она што ги разликува е начинот на нивното создавање, бидејќи психопатите се микс од гени и се родени такви, додека социопатите се производ на нивната околина, која обично е насилна.
Не станува збор за злосторства што ги гледаме на телевизија или што ги читаме во книгите. Мал број психопати и социопати се всушност убијци како Џек Мевосек или Ханибал Лектор. Многу од нив се наши колеги, родители, пријатели или партнери. Нема ни да ги познаете бидејќи социопатите и психопатите се многу добри во скривање, па веројатно нема да забележите додека не откриете што точно барате.
Психопатите се смирени кога се под притисок и имаат нешто што се вика „отпорност на хаос“. Тоа значи дека одлично се снаоѓаат во ситуации што за другите се стресни. Социопатите се склони кон анксиозност, па не се снаоѓаат најдобро во таква средина. Тие имаат изливи на бес и насилен говор, додека психопатите можат да манипулираат без воопшто да изгледаат како опасност.
Во стресните ситуации социопатите ги губат нервите, додека психопатите остануваат смирени. Ова е една од главните разлики меѓу нив.
- Кога ќе стапите во интеракција со нив, доколку психопатот се возбуди, тој може да остане ладен, но социопатот целосно се губи. Тие имаат „вжештена глава“, па ако работите не одат како што треба, тие збеснуваат и може да бидат дури и агресивни. Не можат да се смират и имаат емотивни напади - вели психологот Елизабет Ломбардо.
Доколку психопатот се обиде да ве контролира, вие нема да бидете свесни за тоа. Во состојба е да го објасни секое чудно однесување и никогаш не се возбудува кога ќе му се спротивставите. Социопатите имаат посилен темперамент, па помалку ќе им верувате уште од самиот почеток.
Психопатите можат да бидат харизматични, шармантни, додека планот на
социопатите ќе биде очигледен. Доколку се почувствувате загрозено од страна на некоја личност што има едно од овие две нарушувања, најдобриот начин да се заштитите е да поставите граници.