Ако возите, тогаш знаете дека кога има метеж во сообраќајот, кога има најмногу возачи и пешаци, се чини дека автомобилите се полни со психопати.
Но, научниците сега утврдија дека постои една вообичаена навика во возењето што може да биде знак дека некој е психопат. Имено, истражувачите од Универзитетот во Регенсбург открија значајна врска помеѓу психопатските особини и користењето на мобилниот телефон додека возите.
Возачите што покажале високи резултати за „црните особини“ на личноста: макијавелизам, нарцизам и психопатија, имале многу поголема веројатност да ги користат телефоните и да се чувствуваат помалку виновни за тоа.
Истражувањето покажа и дека возачите со високо ниво на психопатија имаат една третина поголема веројатност од просекот да направат сообраќаен прекршок во последните 12 месеци.
Истражувачите собрале податоци од 989 германски возачи кои биле подложени на анкети за тестирање за секоја од трите црни особини на личноста, рангирани на скала од еден до пет. Истражувањето покажало дека 61 отсто од учесниците признале дека го користеле својот паметен телефон додека возат, барем повремено.
Возачите со повисоки оцени за нарцизам и психопатија, исто така, имаат помала веројатност да се чувствуваат виновни за нивното проблематично однесување при возење.
Исто така, истражувачите откриле дека психопатските особини се добар предвидувач за тоа дали некој би направил сообраќаен прекршок. За некој со минимален резултат за психопатија, истражувачите предвидуваат дека има 9,89 отсто веројатност да сторил прекршок во последните 12 месеци.
За некој со просечно ниво на психопатија, веројатноста да сторил прекршок при возење е 24 отсто. Ова се зголемува до 56 отсто шанси за оцена за психопатија од 4,33, што беше највисоката оцена измерена од истражувачите.
Извор:
Dailymail.com
Фото: Screenshot/YouTube