X
 07.08.2019 Живот

„Љубовно бомбардирање“ – особина на социопатите и нарцисоидите

По шест седмици дружба ја запознал со семејството и пријателите, ја одвел на патување, а станало збор и за деца и основање семејство… Ѝ купувал подароци и ѝ симнувал ѕвезди. Американката Марго Валери мислела дека врската со нејзиниот „последен“ е вистинската љубов. Но, не било така…

По точно два месеца откако ја почнале врската, настапило затишје. Сите тие љубовни емоции и гестови запреле. Тој престанал да ѝ се јавува.

Кога најпосле седнале да поразговараат очи в очи, ѝ рекол дека не е подготвен за врска, дека сѐ му се одвива многу брзо и дека тоа е премногу за него.

Како што пишува списанието „Мен’с хелт“, се работи за феноменот наречен „љубовно бомбардирање“ што често го има кај нарцисоидите и социопатите.

- Нарцисоидите се особено познати по своите вештини на манипулирање, како што се склони кон љубовта за себе. Таквите луѓе ги користат ласкањето и вниманието за да создадат претстава за себе како совршен партнер… Така стекнуваат и доверба кај другиот, приврзаност, па и обожување - смета психологот Сузан Дегес-Вајт.

Социопатите го користат „љубовното бомбардирање“ зашто не ја чувствуваат болката на партнерот.

- Пораснати со социопатски склоности, тие умеат да бидат шармантни и друштвени, но буквално немаат емпатија, сочувство или грижа за другите - истакнува д-р Керин Лосон за „Мен’с хелт“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот