Организацијата „ХДМИ Форум“ најави дека на 6 јануари, на прес-конференција, ќе ја претстави новата верзија на ХДМИ, која ќе овозможи повисоки резолуции и поголема фреквенција на освежување.
Најавата се однесува на стандардот ХДМИ 2.2. Ова го посочува соопштението за печатот на „ХДМИ Форум“, во кое се нагласува дека организацијата „ХДМИ Лајсенсинг администратор“ , чии претставници ќе зборуваат на конференцијата, потоа официјално ќе ја лиценцира новата верзија.
Тековната верзија ХДМИ 2.1, претставена во 2017 година, поддржува пропусен опсег од 48 Gbps, променлива стапка на освежување до 120 Hz и резолуција до 10.240 x 4.320. Очигледно, ХДМИ 2.2 ќе овозможи повисоки резолуции и фреквенции на освежување без потреба од ДСЦ/DSC (компресија на дисплај стрим/Display Stream Compression).
Повеќе информации ќе бидат достапни на 6 јануари.
Извор: bug.hr
Фото: Freepik