„Мајкрософт“ официјално потврди дека следното големо ажурирање за „Виндоус ОС“, ќе биде 24H2 верзијата на „Виндоус 11“ со фокус на вештачката интелигенција. Оваа потврда ги демантира претходните шпекулации за пристигнувањето на „Виндоус 12“ во втората половина на 2024 година.
Според планот зацртан од „Мајкрософт“ за оваа година, акцентот ќе биде ставен на масовните ажурирања за „Виндоус 11“, со значителни напори за интегрирање на вештачката интелигенција во целиот оперативен систем. Токму овие напори поврзани со вештачката интелигенција поттикнаа шпекулации дека сите нови иновации ќе бидат вклучени во целосно нова верзија на оперативниот систем, наместо да бидат додадени во „Виндоус 11“.
Оваа стратегија потсетува на претходниот пристап на „Мајкрософт“ со „Виндоус 11“, кој беше скриен во „Виндоус 10“, наречен „Сончева долина“, пред официјално да биде претставен кон крајот на 2021 година. Веќе знаеме дека тоа нема да биде случај. Најновиот блог-пост на „Виндоус инсајдер“ наведува дека сите изданија, кои почнуваат со бројот 26 на каналите за тестирање „Канари“ и „ДевЧенелс“, сега ќе бидат идентификувани како „Видоус 11“ верзија 24H2.
Се очекува ова ажурирање да биде многу големо и да ја интегрира вештачката интелигенција низ целиот оперативен систем, искористувајќи ги предностите на новите хардверски забрзани „невронски процесорски единици“ (NPU), кои се наоѓаат во сите нови компјутери со вештачка интелигенција, објавени претходно оваа година.
Иако ова е потврда дека нема „Виндоус ОС 12“, во плановите за 2024 година „Мајкрософт“ ја задржува можноста за евентуално лансирање на нова верзија во иднина. „Виндоус 11“ сè уште се бори да ги придобие корисниците и сè уште не е толку популарен како „Виндоус 10“, така што вметнувањето трет оперативен систем дополнително ќе ја фрагментира корисничката база на платформата.
Извор: Benchmark.rs
Фото: Pexels