Популарниот бугарски графички дизајнер Јанко Цветков повторно направи интересна мапа, овој пат со најпопуларните имиња во словенските
земји.
Тука се најде и нашата земја во која, според Цветков, најчестото име е Александар. Меѓутоа, податоците од Управата за евиденција на матичните книги од 2016 година, велат дека најчести имиња кај момчињата се Тадеј, Михаил и Јован, додека кај девојчињата Сара, Јана и Калина.
Во Србија најчестото име е Лазар, а во Босна и Херцеговина Амар.
И Русите го обожаваат името Александар, додека Белорусите Владислав. Украинците најмногу го користат Олександр, Пољаците и Словаците Јакуб, Чесите Јан, а Бугарите Героги.