Одредени француски имиња, како и кај другите нации, во различни периоди се премногу популарни. Но, можеби најинтересна е 1991 година кога едно машко име доминира во сите региони од копнена Франција. Тоа име е Кевин.
Во 1991 година во Франција се родиле 14.087 бебиња што биле крстени Кевин.
Тука следува прашањето зошто ова име одеднаш станало доминантно на листите со најпопуларни имиња за бебиња во земја која има репутација на отфрлање англиски зборови и имиња?
Одговорот лежи во Холивуд.
Само една година порано светот ги виде филмовите „Танц со волците“, во кој глуми Кевин Костнер, и „Сам дома“, каде што главниот лик се вика Кевин Мекалистер, а го игра Меколи Калкин. Веројатно тие оставиле добар впечаток кај Французите.
Сè на сè, околу 26.000 мајки и татковци, со сè уште свежи спомени од филмовите, решиле своите бебиња да ги крстат Кевин.
Most popular given names in France, by region
Но, падот на популарноста на ова име бил брз како и подемот. До 2010 година помалку од две бебиња со име Кевин се раѓале секој ден во Франција.
Името за неколку години веќе не било популарно бидејќи, како што објаснуваат некои социолози, „париските интелектуални елити“ се подбивале со него. Сега да се биде Кевин во француски свет полн со Жулиен и Себастиен може и да ви биде проблем во животот.
Фото: The Local
- Доставете кратка биографија со името Кевин и ќе имате 10-отстотна шанса да ве вработат во споредба со 30 отсто за некој Артур со иста биографија - забележува Жан-Франсоа Амадие од
француската Опсерваторија за дискриминација.