Доколку во некој момент сте се сомневале во успехот на „Фортнајт“, најновиот извештај на „Супер Дата“ ќе ви докаже колку всушност е популарна оваа игра. Во текот на изминатата година играта заработила 2,4 милијарди долари.
Така „Фортнајт“ стана шампион според заработката, надминувајќи ги апсолутно сите други видеоигри во 2018 година и придонесувајќи за пораст на заработката во гејминг-индустријата за 11 отсто - на сите платформи. Исто така, играта ја зголеми глобалната заработка за „free-to-play“ игрите на конзолите за 458 отсто, и тоа уште во текот на 2017 година. За да добиете увид во моменталната предност на „Фортнајт“, треба да знаете само дека втората најпопуларна игра на светот има заработка од околу 1,5 милијарда долари.
За да имате идеја каква е ситуацијата во гејминг-индустријата, погледнете ја заработката и на другите игри во 2018
година.
PlayerUnknown's Battlegrounds, Bluehole - 1,028 милијарда долари
FIFA 18, Electronic Arts - 790 милиони долари
Grand Theft Auto V, Take-Two Interactive - 628 милиони
Call of Duty: Black Ops IIII, Activision Blizzard - 612 милиони
Red Dead Redemption 2, Take-Two Interactive - 516 милиони