X
 14.06.2021 Култура

Колку заработиле Достоевски, Толстој и Пушкин од нивните ремек-дела

Веб-страницата „Арзамас“ неодамна објави процена за тоа што можеле да купат руските писатели со хонорарите заработени од нивните познати дела. Излегува дека првите руски професионални писатели заработиле прилично многу пари.

Толстој бил човек што штеди, додека Достоевски и Пушкин знаеле да ги потрошат хонорарите на коцка.

Така, Фјодор Достоевски во 1868 година добил 7.000 рубли за романот „Идиот“,  денес тоа се 7 милиони рубли или околу 80.000 евра.

1
Фото: Wikipedia

За тие пари можел да купи: имот со дабова шума, лесна кочија со четири седишта, 10 скапи огледала од махагон, 10 фиокари, 10 килограми сапун од анасон, 2 дабови буриња, 30 шишиња американски рум, 160 килограми англиско сирење, кожена торба и шише црно мастило.

Познато е дека Достоевски бил коцкар, па веројатно не купил ништо од ова.

Лев Толстој за романот „Ана Каренина“ во 1877 година добил двојно повеќе од неговиот колега Достоевски.

За 20.000 рубли (што е приближно 20 милиони рубли денес или повеќе од 200.000 евра) тој можел да купи: куќа во Москва, имот во Рјазан, 1.000 скапи пури, 30 фотелји од махагон, 10 пара чизми изработени од телешка кожа, 120 порцелански чаши, 150 кожени чанти, 2 сабји, 10 килограми свеќи, 4 големи дињи, 60 челични жилети.

2
Фото: Wikipedia

И покрај толку пари, Толстој не сакал да живее на висока нога.

Помеѓу Достоевски и Толстој е Александар Пушкин, кој во 1833 година добил 12.000 рубли за романот „Евгениј Онегин“ (околу 10,5 милиони рубли или 120.000 евра).

За овие пари тој можел да купи: 100 модерни кошули, 200 пара модерни ракавици, 80 килограми чај од сушени цвеќиња, можел да изнајми дрвена куќа во центарот на Москва во период од една година и да плати за образованието на неговите две деца.

puskin
Фото: Wikipedia

Пушкин, како и Достоевски, бил страстен коцкар. Омилена игра му била бриџ. Неговата страсна креативна природа го терала да ризикува и затоа често губел.

Познато е дека тој еднаш како влог го искористил ракописот на „Евгениј Огенин“. За среќа, иако губел во текот на играта, а крајот победил и ремек-делото не паднало во погрешни раце.

Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура