Група истражувачи осмислиле нов метод за одредување на положбата на луѓе преку ѕидови.
Истражувачите на универзитетот „Карнеги Мелон“ создале метод за одредување на положбата на повеќе луѓе преку ѕид со анализа на вај-фај сигнали и нивно процесирање со компјутерски алгоритми. Новиот метод се објаснува во истражување.
- Резултатите од истражувањето откриваат дека нашиот модел може да ја процени положбата на повеќе субјекти, на сличен начин како и методите базирани на фотографии, со користење само вај-фај сигнали - пишува во трудот.
Во трудот се објавени и фотографии кои ја покажуваат ефективноста на новиот метод. Според истражувачите, вај-фај е поевтин начин за следење на точната локација на луѓето во споредба со традиционалните системи со камери.
Повеќето домаќинства во развиените земји веќе имаат вај-фај и оваа технологија би можела да се користи за следење на постарите лица или за безбедност во домот.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија:
Arxiv