Иако му било кажано дека нема да го дочека својот 25-ти роденден, познатиот научник Стивен Хокинг, кој сега има 75 години, ќе биде испратен во вселената со вселенскиот брод на милијардерот Ричард Бренсон. Иако е во инвалидска количка и комуницира преку генератор за говор, Хокинг и понатаму придонесува за напредокот на науката на неверојатни начини.
Постигнатите успеси на Хокинг ги охрабруваат луѓето со хендикеп да ги следатс воите соништа и да се обидуваат да придонесат во сите сфери на животот и покрај тешките околности. Иако физичките способности на Хокинг слабееле со текот на времето, сепак неговиот ум и интелект останал недопрен. Тоа што се овозможи начин преку кој Хокинг ќе комуницира со светот, е голем плус за научниот свет, бидејќи неговата брилијантност и понатаму му служи на човештвото.
Хокинг во неколку наврати истакнуваше дека патувањето низ вселената е важно за иднината и преживувањето на човечкиот вид, а како превентива од истребување е колонизирањето на другите планети. Еден од најголемите негови соништа од секогаш било да патува во вселената, па тоа во многу блиска иднина и ќе се оствари. Тоа што тој ќе се упати во вселената е голем напредок не само заради неговото знаење, туку се испраќа и порака, дека тој е индивидуа како и сите други, а хендикепот не е карактеристиката која го дефинира како личност. Тој е одличен пример за тоа што може да постигне кога општеството работи заедно за напредок, за сите подеднакво.
фото извор: pastemagazine.com
Голем број компании во изминатите години напорно се обидуваат патувањето низ вселената да го претворат во реалност, што во иднина и ќе се случи. Инвестициите се вложуваат во развојот на вселенската технологија, со цел транспортот на луѓето на другите планети да биде возможен.
Тоа што
Стивен Хокинг ќе биде испратен во вселената е важно за секој кој сонувал дека некогаш ќе стапне на друго тло и на друга планета. За сега, можноста ја имаат најчесто оние кои тоа можат да си го дозволат финансиски, но како што поминува времето се повеќе е веројатно дека за неколку векови, патувањето во вселената можеби ќе биде достапно за сите.