X
 26.04.2016 Технологија

Како да ги избегнете сите спојлери од "Game of thrones"?

екстензија

 

Првата епизода од шестата сезона на „Game of thrones“ беше премиерно прикажана вчера.  И секако, сите знаеме колку нервираат спојлерите кои постојано ги среќаваме низ интернетот и социјалните медиуми, меѓутоа тие се неизбежни со оглед на тоа што се насекаде и постои опасност да си ја уништите целата епизода.


Затоа, секој вистински обожавател на серијата треба веднаш да го преземи „GameofSpoils“, бесплатен додаток за „Google Chrome“ кој го отстранува секое споменување на шоуто на вашиот интернет пребарувач.

„GameofSpoils“ ги скенира веб страните и ги отстранува сите Фејсбук ажурирања, новости и твитови кои го споменуваат шоуто, како и постови кои содржат зборови поврзани со серијата како на пример „Winterfell“ или „Targaryen“. Додатокот ви овозможува да го откриете постот, меѓутоа ќе треба да почекате три секунди, во случај да кликнете на грешка.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија