X
 22.02.2023 Култура

Животот на Кијану Ривс е полн со трагедии - ги загубил ќерката, партнерката и најдобриот пријател

Неодамна беше објавен најновиот трејлер на четвртото продолжение на франшизата „Џон Вик“, кое ќе пристигне во кината на 23 март. Во главната улога повторно е омилениот холивудски актер Кијану Ривс. Освен со своите улоги, овој 58-годишен актер привлекува внимание и со својот приватен живот, кој изгледа како да е дел од некој филм.

Кога имал само три години, неговиот татко го напуштил семејството. Кијану и неговите сестри пораснале со нивните баба и дедо бидејќи нивната мајка често се мажела и се разведувала. Ривс бил проблематично дете и дури бил избркан од училиште неколку пати.

На почетокот на 90-тите година тој стана популарен актер, а ја запозна и љубовта на неговиот живот, Џенифер Сајм, во 1999 година. Таа година очекувале бебе, меѓутоа, Џенифер го изгубила бебето во осмиот месец од бременоста, а таа загуба ги разделила и ја прекинале врската.

По смртта на неродената ќерка, Кијану доживеал уште една трагедија. Две години по губењето на бебето, Џенифер загинала во сообраќајна несреќа. Кијану останал и без најдобриот пријател, Ривер Финикс, кој починал откако се предозирал со дрога.


Ривс се плашел и дека ќе остане без сестрата, која десет години се борела со леукемија. Ривс ѝ донирал 70 отсто од хонорарот од „Матрикс“ на болница за третмани за лекување на леукемијата. Подоцна основал и сопствена фондација за борба против ракот.

По сите трагедии, се чини дека актерот конечно ја пронашол среќата со неговата сегашна девојка, 50-годишната Александра Грант, уметница која му била долгогодишна соработничка.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура