X
 24.07.2019 Култура

Почина познатиот актер Рутгер Хауер, ѕвездата од „Блејд Ранер“

Ѕвездата на „Блејд Ранер“, Рутгер Хауер почина на 75 години, јавуваат странските медиуми.

Холандскиот актер е најпознат по улогата на Рој Бати, главниот непријател на ликот на Харисон Форд во филмот од 1982 година. За споредната улога во филмот „Бегство од Собибор“ во 1988 година доби „Златен глобус“.

Неговиот агент Стив Кенис изјави дека актерот починал минатиот петок.

- Беше одличен тип и одличен актер - изјави тој.

Неговите понови филмови ги вклучуваат „Валеријана и градот на илјада планети“, а глумеше и во серијата „Вистинска крв“ и во комедијата „Галавант“.

Роден е на 23 јануари 1944 година во Брекелен, недалеку од Амстердам, во семејство на наставници по глума. На 15 години го напуштил семејниот дом и влегол во трговска морнарица. Во Амстердам се вратил во 1962 година и кратко студирал глума. После тоа се приклучил на армијата. Првата улога ја добил во филмот „Флорис“ во 1969 година. Во Холандија беше одликуван со титулата Витез од редот на холандскиот лав.

Рутгер починал во својот дом во Холандија по кратко боледување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура