Многумина би ги помешале новите фотографии на актерот Били Зејн, кој го портретира Марлон Брандо во новиот филм, со сцените на култниот „Кум“ и легендарниот актер кој го игра ликот на Вито Корлеоне.
Ѕвездата на „Титаник“ го игра Марлон Брандо во претстојниот биографски филм заснован на истоимената книга на Бернард Џаџ - архитектот ангажиран од Брандо за да изгради одморалиште на приватен остров во близина на Тахити.
Зејн е непрепознатлив на фотографиите, а филмот го следи патувањето на Брандо за градење еколошко засолниште, во истиот период кога се појавил и во „Кум“ и „Последното танго во Париз“.
И Ричард Драјфус и Камил Разат глумат во филмот „Валцер со Брандо“.
Филмот ќе ја има својата светска премиера на италијанскиот филмски фестивал во Торино овој месец, на церемонијата на затворањето. Зејн ќе се појави на премиерата заедно со режисерот на филмот, Бил Фишман.
Филмскиот фестивал во Торино штотуку ги сподели првите официјални фотографии на Били во оваа улога. Били првпат се појави на големото платно како тинејџерот Мач, кој не зборува, во култниот филм од 80-тите - „Враќање во иднината“. Четири години подоцна тој ја повтори улогата во продолжението.
Глумеше и во филмот „Зулендер“ и неговото продолжение, а потоа и во неколку серии „Волшебнички“,„Твин Пикс“, „Клеопатра“ и „Вистинска приказна“. Најпознат е по улогата на тајкунот Каледон Хокли во филмот „Титаник“.
Извор: klix.ba
Фото: X/Twitter