X
 22.03.2017 Живот

AQ - коефициент на неволја кој е клучен за успехот

Многумина мислат дека интелигенцијата е клучна за успех. Сепак, во пракса често се гледа многу интелигентни луѓе по години поминати да ја работат истата работа како луѓе кои се помалку интелигентни. Во што е проблемот?

Станува збор за AQ или коефициент на неволја или „неможност да се разгледа неуспехот“. Ова го објаснува Елон Маск, основачот на “SpaceX”, кој при основањето на компанијата вложил многу труд за таа да успее и она што го прави да се изделува е високото AQ.

Дури и тој се посомневал во себе кога во 2008 година неговите две компании биле пред банкрот. Во тоа време и се разведувал. Се чувствувал како тотален губитник, но за среќа ова не траело долго. За да избегнете да живеете со такви мисли и потоа да се откажете, може да напшете листа однапред која може да Ви го зголеми вашето AQ.

Пред да започнете проект или цел, напишете ги негативните мисли и изговори што ги имате кога се соочувате со предизвикот. Потоа напишете контра аргумент за секоја мисла за да се убедите да продолжете кон целта.

На пример, напишете: „Можеби нема да имам пари за да го поддржам проектот ако се случат инциденти“, а контра арументот нека биде: „Може да пробам да позајмам пари од фамилијата, банката или да земам хипотека.“

Кога ќе го практикувате ова постојано, ќе сфатите дека не мислите на негативните мисли исто колку порано, а ќе имате и повеќе енергија да се фокусирате на тоа нештата да функционираат и да успеете во остварувањето на целите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот