Многу успешни луѓе успехот им го должат на своите лични карактеристики, како интелигенција и талент. Образованието и познавањето на вистинските луѓе, исто така, може да играат улога.
Но, тоа не се единствените работи кои им помогнале на милијардерите да
ги заработат своите милијарди. Најуспешните луѓе, сепак, се сметаат за просечни луѓе во многу аспекти. Но, секој од нив напорно работел за да ги постигне целите.
Фото: Pixabay
Многу од нив го практикуваат „правилото на 40 проценти“, концепт промовиран од американскиот спортист Дејв Гогингс преку книгата „Живеење со печат“ (Living with a seal) на Џеси Ицлер. Идејата е едноставна: кога мозокот ви вели дека сте уморни и не може да продолжите, всушност се „истрошиле“ 40 проценти од капацитетот. Имате уште 60 проценти.
Со други зборови, секогаш можете повеќе отколку што мислите. Кога мислите дека треба да престанете, можете да продолжите, а кога се обидувате да се откажете од нешто, треба да бидете поупорни.
Фото: Pixabay
Објаснувањето за овој концепт е дека повеќето од границите си ги поставуваме самите. Самите одлучуваме колку ќе издржиме и колку ќе одработиме. Овие ограничувања изгледаат вистински бидејќи сме се навикнале на нив. Следниот пат кога мислите дека е време на престанете со учење, работа или вежбање, обидете се да продолжите, барем уште пет минути.
Извор:
inc.com