X
 13.04.2020 Живот

Истражувачи потврдуваат дека методот за одржување состаноци на Стив Џобс функционира

Нов експеримент покажува дека луѓето може да се поврзат со колегите за помалку од 5 минути. Омилениот начин на водење состанок со вработените и партнерите на Стив Џобс бил разговорот при кратка прошетка во околината. Очигледно, тоа била одлична идеја.

Состаноците во текот на прошетката очигледно имаат здравствени поволности, но се чини дека прошетката поволно влијае и врз самиот разговор. Ново истражување од Хонгконшкиот универзитет покажува дека заедничкото пешачење им помага на луѓето подобро да се поврзат. Овој ефект е толку моќен, што функционира и на луѓе што претходно не се познавале. За да се видат ефектите, потребни се помалку од пет минути.


Фото: Pixabay

Мијао Ченг и неговиот истражувачки тим од одделот за психологија на универзитетот сакале да дознаат кој е ефектот на пешачењето врз врската помеѓу двајца соговорници. Претходни истражувања покажале дека заедничкото пешачење, особено кога движењето е синхронизирано, гради врска помеѓу луѓето и заедничкото одење при разговор го има истиот ефект.

Во својот експеримент истражувачите работеле со 257 пара соговорници. Тие ги замолиле испитаниците да ги опишат своите соговорници пред да тргнат на прошетката. Учесниците биле на повеќе прошетки и разговори со различни луѓе. На крајот од прошетката испитаниците повторно ги опишале своите соговорници и повторно оделе на прошетка.

Една група испитаници не разговарале во текот на првиот дел од прошетката, но разговарале во текот на вториот дел. Во друг експеримент сите соговорници требало да молчат во текот на прошетката. Една група заедно седеле во просторија и работеле на задача без да одат на прошетка.


Фото: Pixabay

Истражувачите користеле сензори за да го мерат одењето на учесниците и откриле дека тие најчесто го синхронизирале своето одење со соговорникот, дури и кога не го познавале и дури и кога не разговарале. Било откриено и дека мислењето за соговорникот се подобрило по прошетката, која траела од 3 до 4,5 минути.

Стив Џобс бил познат по својата способност за убедување, а знаел и како да се поврзе со другите. Она што му го кажувал инстинктот сега е потврдено од истражувачите на Хонгконшкиот универзитет.

Извор: Inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот