Олимпискиот шампион Кјелд Нојс, кој во Пекинг ја одбрани олимписката титула во брзо лизгање на 1.500 метри, сега се наоѓа на насловните страници поради друг успех.
Холанѓанецот го соборил светскиот рекорд во брзо лизгање - лизгал со брзина од 103 километри на час во Норвешка минатата недела. Нојс го постигнал тоа на лизгалиште долго 3 километри на езерото Савален.
Претходниот светски рекорд во брзо лизгање од 93 километри на час, исто така, го држел Нојс. Тој бил поставен пред четири години во Шведска.
Извор:
Euronews
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)