X
 19.03.2018 Живот

Во близина на Осло ќе се гради град од иднината

Во Осло, главниот град на Норвешка, наскоро би можел да биде изграден најодржливиот град во светот. „Хаптик архитектс“ и Нордиската канцеларија за архитектура само што ги објавија плановите за создавање град веднаш до аеродромот во Осло, познат како Осло Ерпорт Сити (OAC), кој ќе биде првиот „енергетски позитивен аеродромски град“.


Фото: Futurism

OAC ќе користи само енергија создадена во самиот град, а електрични возила без возачи ќе се движат по улиците.

- Ова е единствена можност да дизајнираме нов град од нула - рече Томас Стоке, директор на „Хаптик архитектс“.

Но, што точно го прави овој град толку одржлив?

  • Градот ќе биде исклучиво пешачки. Оние што ќе живеат таму или ќе одат во посета нема да мора да користат каква било форма на транспорт, а лесно ќе можат да одат до повеќето места.
  • Центарот на градот ќе биде целосно ослободен од автомобили. Ова ќе биде овозможено, во голем дел, од тоа што градот природно ќе биде за пешачење. 
  •  Се планира ОАС да користи зелени технологии. Иако сѐ уште не се специфицирани сите техники, градот ќе користи автомобили без возачи, автоосветлување, „паметни“ технологии за отпад и технологија за безбедност.
  • Градот ќе користи само обновлива енергија која ќе ја произведува. Ова ќе ја намали употребата на фосилни горива и енергијата што се користи за транспорт на гориво и енергија.
  • ОАС ќе ја продава вишокот енергија што ја произведува, а исто така ќе користи и вишок енергија за одмрзнување на авиони - намалувајќи го користењето на гориво на аеродромот.
  • Во градот ќе се користат само електрични автомобили.
  • Јавниот транспорт ќе биде исклучително ограничен, ќе има велосипедска патека и многубројни активности на отворено кои не бараат електрична енергија.
Локацијата можеби изгледа како случајно одбрана, но сметаат дека ќе биде идеална за планирање на утопискиот град. Аеродромот во Осло очекува бројот на вработени да се дуплира до 2050 година. Овој град би можел да биде совршена локација за нивните семејства да живеат заедно со посетителите во транзит.

Па, дали е возможен ОАС, местото кое изгледа речиси премногу добро за да биде вистинито?

- Ние веруваме дека иднината на развојот на аеродромите во Норвешка и во Осло не е прашање на дали, туку на кога - изјави Тор де Тони, извршен директор на ОАС.

Се планира изградбата да почне во 2019 година и градот треба да биде завршен до 2022 година.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот