X
 22.08.2018 Живот

Норвешките граничари ќе патролираат со електрични велосипеди

Електричните велосипеди полека почнуваат да се користат и во воени цели. Пионери во примената на оваа технологија се норвешките вооружени сили одговорни за надгледување на 196 километри долгата арктичка граница со Русија.

Војниците задолжени за гранична патрола често патуваат во возила со шест тркала. Проблемот со таквите големи возила е што се бучни, за разлика од велосипедите кои, покрај очигледните предности (тишината), не се штетни за околината.

Според извештајот на „Барентс обзервер“, гарнизонот во Сор-Варангер (ГСВ) тестира користење на електрични велосипеди во рамките на граничните патроли. Според припадниците на норвешката војска, граничната патрола испробува како би се вклопиле велосипедите во концептот на секојдневно гранично патролирање.

Новите велосипеди, според извештајот, овозможуваат тактички опции кои ГСВ ги немал досега. Кога и да забележеле несакани гости, приоѓањето со возилата ја издавало нивната позиција, додека со помош на велосипедите на метите би можело да им се пријде многу побрзо.

- Овие велосипеди прават многу помалку врева. Луѓето и животните се прилично изненадени кога група војници ќе им се приближат практично од никаде - велат творците на програмата.

Иако електричните велосипеди веројатно никогаш нема целосно да ги заменат оклопните возила, се очекува овој потег да даде добри резултати.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот