Децата поминуваат исто толку време на работната маса и во училишната клупа како и возрасните на работа. Кога ќе завршат со часовите на училиште, пишуваат домашни задачи. Потребно им е време и простор во кој би можеле да ја развијат својата свест и вештините. Играта надвор од домот е одлична можност да научат како да се однесуваат во различни ситуации. Како влијае надворешната игра на децата?
Ги подобрува јазичните вештини
Надвор, границите се многу поместени, така што во својата игра, децата создаваат свој свет и го делат со своите другари. Во слободната интеракција со другарите, децата имаат единствена можност да го истражуваат светот и да ги научат своите мисли.
Поволно влијание на здравјето
Трчањето, сончевата светлина и свежиот воздух имаат поволно влијание на детскиот имунитет. На денешните деца играњето надвор ќе им помогне да ја исфрлат вишокот енергија поради која понекогаш се бунтовни.
Ослободување од стрес
Возрасните имаат паузи и годишни
одмори за да се ослободат од стресот и да ја зголемат продуктивноста. И на децата им е потребен издувен вентил за да се ослободат од негативната енергија.
Децата учат како да ги решат конфликтите
Надвор важат правилата кои ќе ги воспостават вашите деца. Тие измислуваат игри, правила на игри, доделуваат улоги едни на други, поставуваат граници едни на други и учат солидарност.
Се развива социјалната интелигенција, се разбира динамиката на групата
Играјќи надвор, децата учат многу за општествената хиерархија. Доколку им се случи да направат грешка, членовите од тимот ќе ги обвинат за тоа. Слободната игра без надзор на возрасните ќе им даде можност да експериментираат функционирањето како дел од тимот или да се борат за она во што веруваат.
Слободната игра ја стимулира креативноста
Во слободната игра, децата мораат сами да најдат начин да се забавуваат. Здодевноста им е најголем поттик кој ќе им помогне да научат да уживаат во слободното време и да најдат начин квалитетно да го поминат.
Поволно влијание на концентрацијата
Возрасните вежбаат и имаат разни активности за да го обноват работниот елан. И на децата им е потребна пауза од училишните активности за да може да им пристапат повторно со обновен ентузијазам. Сончевата свтлина им помага во лачењето на допамин, хормонот кој има позитивно влијание на расположението, а физичката активност има поволно влијание на сонот.