Најупорен стереотип е оној за „типично единче". Само децата кои се единци во семејството се разгалени, себични, егоистични, премногу бараат, се презаштитени, но исто така, осамени и тешко се приспособуваат. Ова се најчестите зборови за оние кои се единци(единствено дете во семејството).
А дали има докази дека е тоа така? Не, но мислењето е толку распространето што речиси е невозможно да се искорени.
Да тргнеме само од секојдневните ситуации во кои родителите изразуваат желба и мотивација за второ дете, само за да не го „упропастат" своето единче. Интересно е тоа што истите овие родители придонесуваат во одржување на ваквиот искривен поглед.
Една студија во која родителите на единци ги оценуваа имагинарните „типични единци" во однос на своите деца, покажа дека другите деца и натаму негативно се оценуваат, иако во таква претстава и профил не може да го вклопат своето дете.
Овие заблуди потекнуваат од првите психолошки истражувања на оваа тема, а резултатите навистина успеаја да ги прикажат единствените деца во негативно светло. Доволно е да се каже дека основачот е детскиот психолог,
Стенли Хол, кој пред повеќе од 100 години ги нарекуваше овие деца „чудаци“, додека според него да се биде единствено дете е подеднакво на „болест"
Денес, после голем број на студии и акумулираната резултати, можеме со сигурност да тврдиме дека единците, всушност, по ништо особено не се разликува од другите деца. Исто така, ако постојат некои разлики, тие се во корист на единчето. Нивнатата најголема предност е интелигенцијата, висока мотивираност за постигнувања, силна самодоверба и добар однос со своите родители, особено во однос на децата од големи семејства. На единците се насочени сите ресурси на родителите, вклучувајќи ги и финансиските, па така имаат можност да учествуваат во разни активности и постигнување на високо ниво на образование. Од друга страна, како што ништо не е црно - бело, можно е единците да чувствуваат поголем притисок за да бидат успешни, бидејќи очекувањата на родителите се фокусирани само на нив.
Единчињата имаат поголемо чувство на лична одговорност, што значи дека тие сметаат дека се лично одговорни за своите подеми и падови и многу ретко им го припишуваат тоа на надворешните фактори. Повторно ова верување може да произведи високо ниво на стрес, бидејќи
единците понекогаш не се подготвени да препознаат и да прифатат помош од другите луѓе.
Не постои доказ за тоа дека
единците се себични, нарцисоидни и дека социјално не се приспособуваат. На многу рана возраст покажуваат социјална чувствителност, стабилни се и зрели. Студијата, која ја споредуваше друштвеноста на учениците од основните училишта, откри дека во однос на бројот на блиски пријатели и квалитетот на пријателства,
единците се слични како и нивните врсници. Иако немаат брат или сестра, со кои би морале да делат, да се натпреваруваат и преговараат, тоа не значи дека немаат капацитет за да остварат пријателства или дека тие се осамени. Нив им е потребно да создадат чувство на припадност. Всушност токму со создавање на блиски врски на пријателства им се надоместува овој недостаток и пријателите ги доживуваат како браќа или сестри. Единчињата сакаат добри и сигурен пријатели, затоа што високо го ценат пријателството.
Сепак,
единците не сакаат пријателство по секоја цена и со било кој. Психологот
Карл Пикард во една негова статија за „Psychology Today“ пишува:
„Тие сакаат да поминат извесно време со себе, што се претвора во сигурност дека и другите ќе ги сакаат, затоа што имаат многу позитивни работи да понудат. Но сепак, се отпорни на притисокот од врсниците, не се подготвени да го жртвуваат својот личен интегритет за доброто на социјалната припадност. Премногу се ценат себеси, за да направат такво нешто. Нивниот идентитет помалку зависи од пријателите кои ги имаат, а повеќе од тоа за каква личност се сметаат самите себе".
Но, повторно, за да не одиме во друга крајност, како што е случај со сите други деца,
единците не може строго да се класифицираат во една категорија, а меѓу нив да има нормални варијации. Ако премногу време поминуваат со возрасните, а не со своите врсници, тоа значи дека нивните родители ги ставаат на пиедестал и ги чуваат под стаклено ѕвоно, па тогаш може да бидат разгалени и со лоша самоконтрола.
Да се биде единствено дете во семејството не е предиспозиција за лоши и негативни карактерни црти. Од родителите зависи дали ќе им овозможат да ги развијат социјалните вештини на своите
единци и да ги прилагодат на светот. За крај, разгаленоста не зависи од тоа дали едно дете има или нема брат или сестра, туку од тоа дали родителите знаат да ги постават границите и да кажат не, или се во постојан страв да не дозволат една минута на своето дете да живее во тага и разочарување, па така безгранично ги исполнуваат сите желби и копнежи и се ставааат целосно во служба на детето.
Пишува:
Сања Дутина за „Psihobrlog“