X
 27.12.2016 Живот

Психолози : Не форсирајте ги децата да се извинуваат

„Веднаш да се извиниш. Кажи извини. “ Сигурно ви се познати овие зборови кои често му ги зборувате на вашето дете, но не правете го повеќе тоа.

Знаете ли дека изнудените извинувања прават повеќе штета отколку корист? Кога вашето дете ќе направи нешто на некој друг родителите најчесто бараат детето да се извини, бидејќи така налага бон тонот кај возрасните, па тие сакаат тоа да го всадат и кај децата. Меѓутоа, психолозите сметаат дека тоа родителите не треба да го прават, особено кога ќе видите дека детето „извини“ кажува со тешко срце и сосема неуверливо. Она што детето го чувствува и форсирањето на извинување се комплетно различни работи, велат психолозите.

На пример, ако го натерате детето да се извини на своето другарче бидејќи го удрил или ја зел неговата играчка, детето ќе ви рече дека не сака да се извинува бидејќи е луто и тоа што го терате да се извинува го прави уште полуто. Или пак, може да дојде до ситуација во која детето на кое му се извинил некој да се чувствува уште полошо бидејќи знае дека тој што му се извинил не е искрен, бидејќи тоа го прави само затоа што тоа од него го бараат неговите родители. Па како да се научат децата дека извинувањето е важно за пријателството и односите со останатите?

1. Учете го детето отворено да комуницира

Отворено да ги изразува своите емоции и желби, но да знае дека и останатите имаат чувства и желби. Да ги слуша и другите и да ги решава конфликтите со искрен дијалог.

2. Почекајте лутината да пројде

Никогаш не терајте го детето да се извини автоматски, освен ако детето не почувствува потреба за тоа. Почекајте да помине лутината па тогаш да биде подготвено за искрено извинување.

3. Поттикнете ги самите да ги подобруваат работите


Кога родителот ќе се вклучи во конфликтот на детето му испраќа порака дека секогаш ќе ги решава неговите проблеми, што не е добро. Децата треба да се поттикнуваат самите да ги решаваат проблемите и искрено да разговараат за нив.

4.  Учете ги на преку своите примери

Не е лесно да се рече „извини“, но ако и вие како родител го изговарате тој збор, му давате пример и на вашето дете да го стори истото кога ќе згреши или повреди некого.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот