X
 22.05.2017 Живот

Децата учат важни животни лекции додека се на лулашка

Децата низ игра и во пар, ќе научат повеќе, велат експертите. Лулањето на лулашки во паркот со уште едно другарче е препорачливо од страна на експертите бидејќи на тој начин децата учат да бидат кооперативни, подобро да соработуваат и да бидат тимски играчи.


Ова е заклучокот на експертите од универзитетот во Вашингтон. Имено нема дете кое не сака лулашки, но според новата студија, лулашките се многу важни за развојот на децата заради ритмичното, синхронизирано движење, кое детето мора да го научи за да знае да се лула, а во друштво со други деца, детето освен што ќе ужива, тоа и ќе научи многу работи.

Кога децата ги користат лулашките едно до друго, тие се обидуваат да се синхронизираат и на тој начин во нив се буди чувството за заедништво. Учат како да се поистоветат со другите, ги откриваат заедничките карактеристики и се охрабруваат себеси да остварат комуникација и соработка со другите. Сето тоа води кон полесно решавање на проблеми во идните задачи, посебно кога ќе им биде потребна дополнителна помош.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот