X
 28.02.2017 Наука

Доријан Греј ефект: Како името го менува лицето?

Избирањето име за дете често може да предизвика главоболки на родителите, но најновото истражување покажува дека избирањето име може да биде многу повеќе круцијално отколку што се мислело претходно.

Истражувачите откриле дека името всушност го менува начинот на кој изгледате, феномен наречен „The Dorian Gray“ ефект. На пример, за некој кој се вика Боб, од општеството се очекува тој да има заоблено и повесело лице отколку од некој кој се вика Тим. Тоа доведува до тоа Боб да биде подруштвен, а Тим порезервиран. За жена со име Кетрин, се смета дека е посериозна и зависна, за разлика од девојка со име Бони. Таквите очекувања може да доведат Кетрин да биде насочена кон академско усовршување, па сето тоа може да влијае на развојот на фацијалните мускули, заради зголемената концентрација кај жената.

И претходни истражувања потврдуваат дека постојат културолошки стереотип поврзани со имињата, па вклучително и тоа како некој со одредено име треба да изгледа. Експертите сметаат дека тие стереотипи влијаат на човековите фацијални изрази.

Спроведени биле осум студии за да се докаже горенаведеното, па се барало од учесниците да ги погодуваат имињата на непознати за нив лица, врз основа на нивниот изглед. Во секој експеримент, учесниците биле се подобри во погодувањето на името, па дури и возраста.

Експертите истакнуваат сите сме предмет на социјално структурирање од моментот кога се раѓаме, и тоа не само според полот, етничката припадност и социо-економскиот статус, туку и според самиот избор што другите го прават при доделувањето на нашето име. Фацијалните изрази и изглед ги покажуваат општествените очекувања од тоа како некое лице со одредено име треба да изгледа.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука