X
 21.11.2016 Живот

Дремката по напорното учење ја подобрува меморијата?

Ако ви престои навистина важен испит или тест, можеби звучи како лоша идеја да го трошите вашето време на дремка, но последната студија го тврди токму спротивното. Дремката е добра за меморијата, дури и подобра отколку повторувањето.


Истражувачите не знаат точно што е тоа што доведува до подобрување на меморијата за време на дремката, но сметаат дека тоа е поврзано со спиењето кое е докажано дека ја подобрува нашата меморија.
Во истражувањето биле вклучени 72 волонтери кои биле запознаени со дотогаш непознат материјал во времетраење од 80 минути. Учесниците биле поделени во три групи и можеле да бираат што ќе прават во следните 60 минути, ќе гледаат филм, ќе поспијат или че го повторуваат материјалот кој го слушале претходно.

Потоа биле тестирани за да се види што запомниле. Најдобри резултати имале оние кои по учењето на материјалот кратко заспале.  Научниците сметаат дека дремката е добра во утврдувањето на материјалите кои ги внесуваме како информации во мозокот. Сепак тие велат дека не треба да се донесуваат конечни заклучоци од студијата, бидејќи треба да се вметнат повеќе учесници во истата и да се вложи повеќе време за да се провери дали ќе се добијат истите резултати.

Студија од 2015 година покажала дека луѓето кои биле тестирани со измислени зборови по спиењето подобро се сеќавале на примените информации. Исто така една Бразилска студија од минатата година покажала дека спиењето помага во зајакнување на конекциите во мозокот, зачувувајќи ги сеќавањата кои ни се потребни, а отфрлајќи ги оние кои не ни се потребни.

Во секој случај, нема да постигнете добри резултати на каков и да е тест или испит, ако не сте доволно одморени. Одморот е важен за добра концентрација и помнење. Дремката после учење ни помага да го зачуваме она што сме го учеле , или да не направи повеќе подготвени за понатамошно учење.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот