Британскиот трговски синџир „Ијсленд“ ќе воведе попусти за постарите жители со цел да им помогне полесно да се соочат со инфлацијата.
Синџирот супермаркети ќе нуди попуст од 10 отсто на сите сметки за купувачите постари од 60 години. Попустите ќе бидат достапни од 24 мај и ќе важат само во вторник.
Купувачите треба да покажат доказ за нивната возраст, како возачка дозвола или специјална картичка за јавен превоз наменета за стари лица.
Фото: Pixabay
Од компанијата изјавиле дека биле мотивирани да го воведат попустот откако едно истражување покажало дека три четвртини од постарите луѓе се загрижени за трошоците за живот. Компанијата додала и дека размислува за доделување ваучери од 30 фунти за постарите лица.
Инфлацијата на цените на намирниците во Обединетото Кралство изнесувала 5,9 отсто во април, највисоко ниво во последните 11 години.
Извор:
Independent
Насловна фотографија: Pixabay