X
 17.08.2018 Живот

Британец веќе 75 дена плива на отворено море

Британецот Рос Еџли собори светски рекорд стар 20 години во пливање на отворено море. Тој досега мина 75 дена и ноќи пливајќи и не планира да запре. Неговата цел е да плива околу цела Велика Британија и во море да биде сто дена.

Рос плива шест часа, па шест часа се одмора во чамец. Тој минал повеќе од половина пат од неверојатните 3.200 километри. Новиот рекордер на социјалните мрежи го следат повеќе од 250 илјади корисници.

„Имам нерешена работа со водата“ и „Ова е партија шах со мајката природа“ се некои од неговите описи на предизвикот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот