Животот на принцезата Дијана ја фасцинира јавноста со децении. Таа е еден од првите членови на британското кралско семејство што јавно зборуваше за проблемите со своето ментално здравје и исхраната и затоа беше нарекувана „принцеза на народот“.
Оваа година се одбележува 25-годишнина од нејзината смрт. Нејзината смрт предизвика шок низ светот. Дијана почина на 31 август 1997 година од повреди предизвикани при автомобилска несреќа. Автомобилот во кој беше и нејзиниот партнер, Доди Ал Фајед, возел со брзина од околу 100 километри на час. Возилото удри во столб во подвозник покрај реката Сена во Париз.
Во несреќата загинаа и Доди и возачот Хенри Пол. Единствен преживеан е Тревор Рис-Џоунс, телохранителот на Доди. Подоцна беше докажано дека Хенри имал зголемено количество алкохол во крвта во времето на несреќата. Освен тоа, пред несреќата возилото го следеле папараци. На почетокот папараците биле обвинети за несреќата, но подоцна француски суд пресудил дека алкохолот и лекови во крвта на возачот се причина за несреќата.
Фото: Wikipedia
Малкумина знаат дека Дијана била жива по несреќата и била однесена во болница каде што им подлегнала на повредите. Таа имала потрес на мозокот, скршена рака и расеченица на бутот, но најопасни повреди биле раните на градите. Имала и внатрешно крвавење поради скината белодробна вена.
Според изјави од пожарникарите што пристигнале на местото на несреќата, Дијана ги кажала овие зборови:
- Господе, што се случи? - изјавила пред да добие срцев удар на носилката.
Пожарникарите ѝ дале прва помош и била во стабилна состојба додека стигнале во болницата.
Извор:
MSN
Насловна фотографија:
Wikipedia