Платформата за серии и филмови „Нетфликс“ почнува пробна опција за наплаќање дополнителна сума за корисниците кои ги споделуваат своите профили.
Имено, платформата ќе почне да наплаќа дополнителни 2,99 долари за додавање „втор дом“ во своите профили. Опцијата ќе се тестира во пет земји во Средна и во Јужна Америка. Од компанијата изјавиле дека истата опција потоа ќе биде применета во целиот свет.
„Нетфликс“ забележува намалување на своите претплатници последниве месеци поради зголемувањето на цените, но и конкуренцијата. Според едно истражување, луѓето сè почесто отвораат профили на платформите за да гледаат одредена серија и веднаш потоа ја откажуваат претплатата.
Според новата опција со која „Нетфликс“ сака да го спречи споделувањето лозинки од профили, претплатата за овие корисници ќе биде повисока од наредниот месец во Аргентина, Хондурас, Гватемала, Ел Салвадор и Доминиканска Република.
Од „Нетфликс“ изјавиле дека ќе тестираат опција за покажување реклами за помала претплата.
Извор:
BBC
Насловна фотографија: Pixabay