X
 22.09.2023 Култура

Познат датумот на премиерата на „Берлин“, спиноф-серија на „Куќа од хартија“

„Куќа од хартија“ (La casa de papel) е една од најпопуларните серии на „Нетфликс“. Сега се објавени трејлерот и датумот на излегувањето на серија поврзана со приказната во „Куќа од хартија“.

Со наслов „Берлин“, новата мини-серија ќе излезе на „Нетфликс“ на 29 декември, а е базирана на истоимениот лик од „Куќа од хартија“.

Улогата повторно ја толкува Педро Алонсо, а во серијата Берлин планира кражба и регрутира криминалци кои ќе му помогнат. Во новата серија ќе може да се дознае повеќе за овој омилен лик.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура